
Македонскиот шампион Струга Трим Лум претрпи пораз од 4:2 на гостувањето кај Слова во Братислава во рамки на првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Струга успеа да се врати од два гола негатива, но на крај домашниот тим одново дојде до предност и триумфираше, па во Охрид ќе дојде со два гола предност на реваншот за седум дена.
Во 16. минута од натпреварот Владимир Вајс обезбеди почетна предност за Слован, а во 36. минута, Роберт Мак зголеми на 2:0 на полувреме.
Стружани во второто полувреме беа подобри, а веќе во 55. минута Бесарт Ибраими од белата точка намали на 2:1, а Ибраими со втор гол од игра во 74. минута израмни на 2:2, по асистенција по десната страна од Буњамин Шабани.
Македонскиот тим направи огромни грешки во одбраната, па Јурај Куцка постигна два гола во 85. и во 91. минута од мечот за конечни 4:2.
Александар Ванев, М-Нет