Кожухаров: Иако расте самосвеста кај мажите за грижата за сопственото здравје, за младите е табу тема

Расте самосвеста кај мажите кога е во прашање сопственото здравје, па за разлика од пред 20 години кога одењето кај уролог беше табу тема денеска се повеќе се оди на конторла. Но, факт е дека повеќе грижа за своето здрваје водат повозрасните граѓани, за разлика од помладите кои лекар посетуваат само кога имаат потреба. Доктор Димитар Кожухаров вели дека кај младите треба повеќе да работи свеста и да водат грижа за сопственото здравје.

„Најчести заболувања кај младите од 18 до 35 години е ракот на простата и младите треба да обрнат внимание. Само со еден самопреглед може да се открие некоја промена, некој грутка и веднаш да се јават на лекар и да се превенира.“ – вели Кожухаров.

Апелот стои и за повозрасните мажи, зашто и тие ако навремено одат на контрола може порано да се превенира.

„Постарата популација, мажите над 50 години имаа проблеми со простатата кај мажите и тука апелира кај сите мажи над 50 години независно дали имаат симптоми или не, треба да се јават еднаш на преглед кај уролог.“ – додава Кожухаров.

Граѓаните од Штип и регионот може своите проблеми поврзани со машкото здравје целосно да ги лчекуваат во КБ Штип, однонсо нема потреба за трошење време и пари патувајќи до Скопје. Болницата вели доктор Кожухаров е опремена со апарати кои помагаат за навремено откривање и лекување на проблемите поврзани со машкото здравје.

Според анкетите и истражувањата жените живеат 5 години подолго од мажите. Според Кожухаров ова е вака бидејќи посчесто одат на контрола и многу повеќе водат грижа за сопственото здравје. На крајот на месец ноември советува мажите да ја подигнат својата свест и да водат поголема грижа за своето сопствено здравје.

Лаура Стојанова М-Нет