
Средношколците од кочанското училиште „Гошо Викентив“ учествуваа во денешната акција за безбедно патување во зима. На сите учесници во сообраќајот им се посочи важноста за поседување зимска опрема во возила, како и прилагодување на препорачаната брзина во зимски услови. Акцијата се спроведе со цел да се внимава по патиштата со што ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи како и бројот на жртви од истите.
„Денес Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во координација со учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ Кочани и ОВР Кочани спроведуваме акција чијашто цел е да ги потсетиме возачите и сите учесници во сообраќајот за задолжителни носење зимска опрема како и прилагодувањето на брзината според условите на патот.“ – вели Ристова.
Инаку, Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. И од таму потестуваат дека од 15.11.2023 година година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03 2024 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Лаура Стојанова М-Нет