Незаслужени оценки, „местенки“ во спортски клубови преку „врски“ на родителите – има ли корупција во училиштата

Незаслужени оцени, „месетенки“ во спортски клубови се само дел од случаите со кои се почесто се соочуваат учениците или пак се сведоци на вакви настани. И овде стои фактот дека родителите „фаќаат“ врски со наставниците. Од овде се поставува и прашањето колку учениците се запознаени со корупцијата и знаат ли како истата да се спречи. Во штипското одновно училиште „Гоце Делчев“ денеска Државната комисија за спречување корупција преку игра и предавање од блуски ги запозна учениците со корупцијата и начинот како да се препознае и спречи.

„Децата се многу искрени, точно знаат што чини, а што не чини некои од нив за жал сметаат дека така треба што е општ тренд во државата, корупцијата станува начин на живот и тоа е апсурдно. Од анкетите кои до сега се спорведени произлегува дека децата се многу често сведоци на незаслужени оцени, а тоа е оти родителите бркаат врски кај наставниците и одговорот дека кога децата се соочуваат со некој проблем најмногу известуваат дома.“ – вели Ивановска.

Учениците од седмо до деветто одделение претходно имаа предавања од оваа област со цел да се запознаат и да научат да ја препознаваат корупцијата во општеството. На оваа тема изработија и свои цртежи и литературни творби.

„На учениците од седмо, осмо и девето одделение им одржав предваања во врска со корупција, антикорупција и интегритет, како да го препознаат и на кој начин да се спречи сето тоа. Учениците изработија есеи и песни и цртежи коишто ќе се престават“ – вели Спирова-Мирчевска.

Учениците велат дека ја препознаваат корупцијата бидејќи е застапена на секаде во државата. Велат преку вакви предавања учат како да работи на спречување на истата.

Кампањата на ДКСК се спроведе во 13 училишта во државата, а денеска последните предавања беа во Штип и Кочани.