Ковачевски: Прекувремено и во недела ќе се работи на доброволна основа!

60 часа работа за работниците кои ќе работат на изградба на коридорите 8 и 10 најактуелна тема деновиве. Денеска од Кочани, премиерот Димнитар Ковачевски истакна дека зголемувањето на работните часови е бидејќи станува збор за проект од национален интерес. Додава дека за работата ќе бидат дополнително платени, а дневница ќе следува и за недела доколку се на работа. Придобивка за ова ќе има и за работниците и за државата бидејќи побрзо ќе се изгради автопатот.

„Овде се работи за законска измена која се однесува само на ваков стратешки проект од национален интерес или проекти кои се од голем национален интерес. Работник кој ќе сака да работи поввеќе од она што е во моментот законски пропишано тоа да му биде платено, секој прекувремен час и дополнително за работа во недела да добива 50% поголема дневница. Со тоа ќе останат повеќе финансиски средства во државата, второ ќе се забрза изградбата на патот“ – вели Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека изборот е на работниците дали ќе сакаат да работат прекувремено и во недела или не.

„Доброволна основа, со платен секој прекувремен час и со 50% поголема дневница за работа во недела за проект ваков стратешки од национален интерес.“ – додава Ковачевски.

За ваквата измени во законот реагираа и од страна на „Гласен текстилец“ од каде посочија дека не треба да биде усвоено зголемување на работни часови на работниците за изградба на коридорите 8 и 10. Од таму стравуваа дека понатаму овие законски измени ќе бидат злоупотребени за стратешки проекти.

Лаура Стојанова М-Нет