ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: СДС не учествува во важни проекти, ние имаме визија и план

СДСМ и коалицијата се изјаснија дека нема да учествуваат во работата на Советот, ама не и дали ќе земат паушал од парите на граѓаните, а нема да го заслужат. Ова советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го истакна на прес-конференција по недоразбирањата во седницата на Советот. Од таму посочија дека неучествувањето на седницата е директен начин на неучествување за одредени проекти.

„Не се изјаснија дали е возможно да земаат паушал од парите на граѓаните, а да не го заслужат и не ги застапуваат правата и интересите на оние од кои се избрани. СДС во Советот на Општина Штип не учествуваа во заложбата на Локалната самоуправа за следниве проекти: продолжување на булеварот „Партизанска“, изградбга на обиколница од булевар „Гоце Делчев“ до населба Ново Село преку населба Пребег, уредување на Градскиот пазар, реконструкција на клонот Развигорче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Додадоа дека минатата година партијата се криела зад Владата во која биле малцински партнер на ДУИ и така го кочеле развојот на Штип, на претходната седница гласале против развојот на Општината. Порачаа дека сакале тие или не, Општина Штип предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коаливијата имале визија, план и стратегија за развој во наредниот период.

Ребека Спасова М-Нет