Ковачевски и СДСМ утревечер на граѓанска трибина во Домот на култура во Штип

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утревечер со трибина во Штип. Претседателот на ОО на СДСМ во Штип ги повика сите членови, симпатизери и поддржувачи да бидат дел од граѓанската трибина на која ќе се разговара за актуелните мерки и политики, но и за потребите и барањата на граѓаните.

„Почитувани сограѓани, членови, симпатизери и поддржувачи на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Од име на општинската организација на СДСМ Штип и од мое лично име сакам да ве поканам на граѓанската трибина на СДСМ насловена „Силно и одлучно кон иднината“, која ќе се одржи оваа сабота, во Домот на култура “Ацо Шопов” во Штип, со почеток во 20:00 часот. Како партија која е постојано на терен, создаваме можности заедно со граѓаните да разговараме за мерките и политиките на СДСМ. Преку оваа трибина, одблиску ќе ги презентираме ефектите од мерките на СДСМ, но и изворно да се запознаеме со барањата и потребите на граѓаните. СДСМ останува со граѓаните, продолжува да работи на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард и носат развој на државата. Продолжуваме, силно и одлучно кон иднината“, порача Јане Миланов, претседател на ОО СДСМ – Штип.

Говорници на трибината која ќе се одржи во штипскиот Центар за култура, ќе бидат претседателот на СДСМ и претседател на Владата, Димитар Ковачевски, и претседателот на ОО на СДСМ во Штип, Јане Миланов.

Ребека Спасова М-Нет