
Група ентузијасти од Штип задоени во фудбалска игра решија на фудбалската карта да исцртат една нова фудбалска екипа која ќе преставува прв ромски клуб во Македонија. Ведат Адемов некогашен идол на ромите и вистински „плејмејкер“ во редовите на ФК „Брегалница“ од Штип се реши да биде главен организатор, менаџер и идеолог на КМФ „ Кардашлк“ кој од следната сезона би се натпреварувал во Втората Футсал лига на Македонија.

Упрaвниот одбор на новиот клуб го сочиниваат луѓе многу блиски до фудбалот и до Ведат Адемов и тоа Александар Иванов кој воедно ќе биде и првиот Претседател на клубот, потоа Горан Трајков – Шљиво, Неџат Салимов, Мане Крмачев и Ангелче Димитриев. Клубот веќе ја мина процедурата во централниот регистер, во тек се постапките во ОФС Штип, како и добивање за согласност за дејност од АМС како и добивање решение од ФФМ. Наскоро клубот ќе излезе и со официјална фотографија со првите играчи кои уште од новата есенска сезона ќе настапат во Втората Футсал лига на Македонија.. Спортската редакција на Мнет ТВ им посакува многу интересни и возбудливи натпревари и пред се успешна Футсал сезона.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk