
Малата, но одбрана штипска колонија во редовите на радовишки Детонит ја продолжува победоносната серија со која го трасира патот кон второлигашкото друштво. Емил Рунчевски беше стрелец на водечкиот гол за Детонит на дерби средбата во Делчево против Брегалница, за да конечниот резултат од 2:0 победа на Детонит го постави Зоран Спасов. Одлични беа и преостанатите штипјани Петар Левков и Дени Андонов заедно со целокупупниот тим на Детонит од Радовиш кој веќе се оддели на врвот на табелата со цели три бода пред Брегалница. На останатите средби се постигнаа очекувани резултати, додека еден меч не се ни одигра и тоа во Свети Николе каде што не допатуваа играчите на Василево. Еве ги комплетните резултати од ова 15 коло:
- Овче Поле – Василево неодиграно
- Брегалница – Детонит 0:2
- Карбинци – Хоризонт 0:2
- Малеш – Тиверија 3:1
- Спартмани – Работник 0:2
- Раклиш – Чешиново 1:3
Табела
- Детонит 38
- Брегалница 35
- Хоризонт 34
- Овче Поле 31 -1
- Малеш 25
- Чешиново 21
- Спартмнани 16
- Тиверија 16
- Раклиш 14
- Карбинци 13
- Работник 10
- Василево 4 -1
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
