
Синоќа со градското дерби во Кавадарци беше отворено 15. коло од Првата футсал лига. Клими со 3:1 го доби градското дерби против Црна Река.
За екипата на Клими стрелец на првиот гол беше Димитар Чоков, а двоен стрелец беше Мартин Никовиќ. За Црна Река единствен стрелец беше Ѓорѓи Стрезовски.
Утер лидерот Форца на домашен терен ќе игра против Карадаку, во недела Железарец ќе се соочи со второпласираниот Шкупи. Колото ќе се комплетира со два натпревари во понеделник.
Бутел на домашен терен ќе игра со Осогово, а пак Кеги Моби ќе го пречека „фенерџијата“ Овче Поле од Свети Николе.
Александар Ванев, М-Нет