
Дефектот на главната водоводна линија 2 во Штип е саниран, информираат од ЈП „Исар“.
Интервенцијата ја извршиле екипите на Регионалната единица „Водовод и Канализација“ при ЈП „Исар“, по што се очекува состојбата со водоснабдувањето во градот да се стабилизира во најкраток можен рок.
Од претпријатието посочуваат дека по санирањето на дефектот, системот постепено ќе се враќа во нормална состојба.
Граѓаните се очекува наскоро да добијат целосно стабилно и непречено водоснабдување. Главната водоводна линија 2 беше оштетена во текот на вчерашниот ден од страна на приватна фирма.

