
Утре на „Борис Трајковски“ во Маџари во рамки на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра дерби-пресметката меѓу Вардар и Шкендија.
Дерби кое од секогаш привлекувално големи внимание и ги полнело трибините, па така ќе биде и утре. „Верните“ Комити најавуваат спектакуларна кореографија пред почеток на натпреварот. Познатата пејачка Бојана Скендеровски ќе испее една од најубавите македонски песни како дел од кореографијата на верните навивачи.
„Веруваме дека тоа ќе биде дополнителен мотив за нашите фудбалери, а секако и поттик за голема поддршка од трибните“, велат од ФК Вардар.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 15 часот, а главен судија ќе биде Димитар Пилешков од Штип.
Александар Ванев, М-Нет