КК Соколи од Штип и во новата сезона ќе се натпреварува во Втора лига, во која ќе има 12 екипи!

Во новата сезона во Втората кошаркарска лига на Македонија учество ќе земат вкупно 12 екипи, а во новата сезона учество ќе земе и КК Соколи од Штип.

И во новата сезона првите две екипи ќе обезбедат место во кошаркарска елита на Македонија, а во истата ќе се натпреваруваат ланските прволигаш ФМП Академија, Охрид, Ангели, Маџари, МЗТ, Соколи од Штип, Борец Баскет од Велес, Мега Баскет од Прилеп, Паризан Воднос Санс, Работнички 2018, екипата на Бутел и екипата на Црн Дрим.

Штипските „соколи“ ќе бидат единствени од Истокот кои ќе земаат учество во новата сезона од второлигашкото друштво.

Овие 12 екипи ќе се борат за првите две места кои водат во Првата кошаркарска лига, а како и во елитата, така и во второлигашкото друштво најмногу екипи доаѓаат од Скопје, од вкупно 12 екипи седум се од Скопје.

Минатата сезона Куманово беше шампион во Втората лига и обезбеди место во Првата лига заедно со екипата на Шкупи која беше втора.

Александар Ванев, М-Нет