Фитон Адеми од Шкендија и Марко Ѓорѓиевски од Силекс го делат врвот на листата на стрелци во Прва лига!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

По четири одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига двајца фудбалери го делат врвот на листата на стрелци со по четири погодоци. Фитон Адеми од Шкендија и Марко Ѓорѓиевски од Силекс.

По четири одиграни натпревари по три гола постигнаа Абдулхади Јахја од Воска Спорт и Алпер Потук од Гостивар, пет фудбалери имаат постигнат по два погодоци, а на стартот од новата сезона паднаа и два автогола.

Дин Аломеровиќ од Работнички си постигна автогол, како и Јасмин Мециновиќ од Вардар.

Следниот викенд на програмата се натпреварите од 5. коло, а во истото Брера на домашен терен игра со Беса, Гостивар против Вардар, Пелистер со Струга, Работнички против Тиквеш, дербито на колото го играат Шкупи и Шкендија, а Воска Спорт ќе го пречека Силекс.

Александар Ванев, М-Нет