Втората женска фудбалска лига ќе брои осум екипи, Кочани прв фаворит, Слободен дебитант!

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Во новата сезона од Втората женска фудбалска лига учество ќе земат осум екипи, ист број на екипи како и минатата сезона, со еден дебитант, а тоа е екипита на Слободен.

Во новата сезона учество ќе земаат екипи на Вардар, Кочани, радовишка Плачковица, Билјанини Извори од Охрид, Победа Валандово, Борец, Порече од Македонски Брод и новајлијата Слободен, екипа која за првпат ќе заигра во сениорска конкуренција одново во Втората лига.

Минатата сезона во Втората лига Атлетико беше непоразен шампион и обезбеди место во Првата лига, а пак Вардар како втор играше бараж но загуби од Топ Гол, кој го обезбеди опстанокот.

Минатата сезона од Првата лига директно испадна екипата на Цевитана, но оваа екипа во новата сезона нема да се натпреварува.

Во однос на новата сезона во Втората лига екипата на Кочани ќе бидат главен фаворит за првото место, а за првото место сериозно останува да конкурира и Вардар.

Во рамки на првото коло како што дознава М Нет ќе се соочат новајлијата Слободен против Порече, Победа Валандово домаќин на Борец, Вардар ќе ја пречека Плачковица, а пак Билјанини Извори против фаворитот Кочани на домашен терен.

Стартот на новата сезона треба да биде на 15. септември, а во новата сезона како и во ланската ќе се одиграат вкупно 14 кола.

Александар Ванев, М-Нет