
Во година кога ФК Брегалница слави 100 години од формирањето на клубот 1921 – 2021 штипјани беа наградени со најубавиот фудбалски дар – пласман во Првата лига на Македонија. Четири сезони беа потребни да се истрасира овој тежок пат за да конечно се врати сјајот на Брегалница во најдоброто – прволигашкото јато. Очигледна беше радоста, организираното славје на играчите, на раководството, на менџментот на екипата и секако на гледачите крај малите екрани преку директниот пренос на Мнет ТВ и на каналот Мнет спорт.
Изјава : Сашко Николов – Градоначалник на Општина Штип 00.31 – 01.25
Соработката со раководството на ФК Брегалница е одличноaи во таков стил ќе продолжиме и понатаму.
Изјава: Сашко Николов …03.12 – 04.22
Раководството на Брегалница континуирано одржува одличната сорабoтка со раководните структури на ФФМ.
Изјава: Димитар Џонов – член на УО на ФФМ 00.42 – 01.32 лепенка 02.03 – 02.20
Раководството на Брегалница во 2011 г. овозможи гостување во Солун и одигрување на ревијален натпревар со грчкиот клуб Ираклис а во чест на 90 годишниот јубилеј од формирањето на клубот.
Елмир Мандак – некогашен капитен 04.33 – 05. 22
Секоја екипа се труди да игра максимално против Брегалница а пак мотивот на играчите на штипските сини ќе биде поголем против прволигашките екипи.
Изјава : Елмир Мандак 05.44 – 06.44
Западната трибина се гради интензивно а источната е обврска на локалната самоуправа.
Изјава: Кирил Гогов – Сопственик на ФК Брегалница 10.32 – 11.22
Сто годишниот Јубилеј ќе биде зачинет со голем фудбалски спектакл за кој сите се надеваат дека ќе се одржи со присуство на публика.
Изјава Кирил Гогов : 04.49 – 05.42
Честитки од спортската редакција на Мнет ТВ за успехот на Брегалница со надеж за продолжување на успешниот пат и во Прва лига и продлабочување на нашата соработа со уште поголема популаризација на фудбалската игра преку директните преноsи на нашата телевизија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk