
Во текот на вечерните часови утре е предвидено превентивна дератизација на канализационите шахти во Штип, за заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари, известуваат од општината.
„Заради заштита на населението од заразни болести предизвикани од глодари (стаорци), Општина Штип на ден 18.05.2021 година (вторник) ќе спроведе превентивна дератизација на канализационите шахти на територијата на Општина Штип преку овластена фирма, со цел уништување на глодарите (стаорците). Дератизацијата ќе се врши во перидиот од 18 до 23:30 часот. Со дератизација ќе бидат опфатени 160 канализациони шахти на територијата на Штип“ – стоеше во соопштението од општината.
Третирањето ќе се изведува со посебен препарат. Доколку временските услови се непогодни дератизацијата ќе биде одложена за наредниот поволен ден. Воедно се известуваат сите граѓани за вниателно учество во сообраќајот. За дополнителни информации достапни се телефонски броеви.
Претходно Општина Штип спорведе ларвидна дезинсекција за уништување на ларвите од комарците, и дезинсекција за уништување на комарците.
Лаура Стојанова М-Нет