Кик-боксерката Викторија Варадинова по 11. пат државен првак на Македонија

Вчера во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје се одржа државното првенство во кик-бокс, а на истото учество зема и Викторија Варадинова која ја продолжи доминацијата.

Варадинова по 11-ти пат стана државен првак на Македонија во две категории. Освоено прво место во категорија киклајт до 65 кг и прво место во лоукик до 65 кг.

Во финалната борба на киклајт Варадинова ја победи претставничката на кикбокс клубот „Патриот Спорт“ од Крива Паланка со прекин после првата рунда.

„Сакам да нагласам дека посебно ми е мило и драго што вчера успеав по 11-ти пат односно 11-та година по ред да ја освојам титулата државен првак на Македонија“, рече Варадинова за телевизија М Нет.

Инаку, Варадинова е 6 години член на репрезентацијата на Македонија, а матичен клуб и е кикбокс клубот „Шампион“ од Скопје под раководство на тренерот Дејан Митровски – Урко.

Варадинова е носител на бронзен медал од последното Европско првенство, а во својата кариера има големи резултати на Европската и светската кик-бокс сцена.

Александар Ванев, М-Нет