
Местото Џесоло Лидо во Италија е во центарот на светските возбудување на најдобрите кик – бокс мајстори. Околу 1400 кик – боксери од 69 земји се борат за приматот најдобри во светот а меѓу нив се и најдобрите македонски натпреварувачи. Од досегашниот настап Марко Тодоров оствари една победа против израелецот Јабали а во полуфинале против португалецот Тијаго Сантос тој загуби Од останатите македонци, Роберт Костовски, Филип Ризов и Стефан Михајловски се исто така поразени, додека пак победи забележаа Димитар Ѓоргиев од кого и најмнoгу се очекува и Бобан Илиоски. Димитар Ѓоргиев го победи Давид Дано од Италија и противник во полуфинале ќе му биде србинот Милош Даковиќ а пак Бобан Илиоски ќе се сретне со србинот Александар Менковиќ. Покрај нив останува да се појави уште и штипјанката Викторија Варадинова која во дисциплината Лоу – кик во кат. – 65 кг. ќе се сретне со Валентина Кери од Србија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk