Квалитетот одличен ама продажбата и цената на јатки ореви далеку од добра

Јатки, кршени ореви по цена од 400 денари за еден килограм. Работа еден куп, а пари малку велат продавачите на ореви. Не е исплатливо да се работи ама барем за парче леб се вади. На прашањето дали се трошат продавачите велат смешно е да се одговори, бидејќи за граѓаните е многу скапо, па тешко се продаваат.

„Оревите се трошат ама многу слабо, народот зема по еден килограм, половина. Цената е 400 денари за килограм или 200 денари полоина килограм. Има и 500 денари има и 300 денари зависи од квалитетот,. Оревите се од Вртешка, од планината Плачковица.

Кога е во прашање работата, работа има многу. Прво треба да има ореви за да може да се соберат, па следува сушење, кршење, и складирање. Ако на ова се додаде цената продавачите велат далеко од исплатливо е.

„Работата е многу, да сметаш не се испаќа, ама ние седејќи дома постепено ги кршиме, а не се исплаќа кршењето. За да бидат квалитетни треба да не се чуваат многу, кога се берат, да се исушат па да се кршат, ако се чуваат во фрижидер не се квалитетни.“

Оваа година временски прилики одговорале па има доста род, однонсо многу ореви. Квалитетот е одличен само продажбата и цената далеку од добри.

Лаура Стојанова М-Нет