Пелистер потпиша договор со 19-годишниот голман Андреј Јовчевски

Битолски Пелистер потпиша две и пол годишен договор со 19-годишниот голман Андреј Јовчевски.

„Денес ФК Пелистер потпиша две и пол годишен договор со 19-годишниот голман Андреј Јовчевски кој е репрезентативен потенцијал и се надеваме дека ќе се наметне во У-21 репрезентацијата на Македонија кај селекторот Драган Канатларовски”, велат од редовите на Пелистер.

Претходно, битолчани се засилија со Парталко, Наумоски и Спиркоски, а пролетниот дел го отвараат против Кожуф од Гевгелија на домашен терен.