
Клиничка болница Штип ги адаптира своите простории за овде во втора и трета фаза да се лекуваат пациентите кои беа повредени од пожарот во Кочани. По отпуштањето од болница, односно по завршување на правата фаза од лекувањето дел од пациентите ќе имаат потреба од понатамошно чекување, преврски и слично. Денеска увид направија преставници од Министерството за здравство, а целта е да се оспособат услови за потоа директно да се започне со лекување.
„Значи сега тие пациенти се се уште во активна прва фаза, бидејќи на нив има се уште активни хируршки интервенции. По отпуштањето дома ние како болница можеме да превземем некои преврски кај некои полесни пациенти и бевме во оделот за Физикална терапија да се направи увид. Во подалечна иднина, во трета фаза тие пациенти би требало да добиваат физикален третман.“ – вели Захариев.
Адаптирањето пред се ќе биде на просториите однонсо на леглата на Физикална терапија. Сегашните трикреветни соби ќе бидат еднокреветни со цел лекувањето да биде подобро. Дополнително ќе се одлучува кој пациенти имаат потреба од понатамошно лекување, дали ќе биде амбулантско или ќе бидат задржани во болница.
„Тоа е втора фаза, активен третман на преврски. Во зависност од големината на преврските и зафатеноста на телото од изгореници ќе се направи проценка со нашите лекари, со пластичните хирурзи и секако во консултација со лекарите од Скопје би одлучиле кои пациенти каде ќе лежат и како ќе се лекуваат“ – додава Захариев.
Во меѓувреме специјалистите по пластична хирургија од КБ Штип, ќе помагаат и во општата болница во Кочани, однонос ќе прават преврски на пациентите повредени од пожарот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет