Пеце Ристески е новиот в.д. директор на НУЦК „Ацо Шопов“ Штип

Пеце Ристески е новиот в.д директор на Националната установa Центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Тој доаѓа на местото на Филип Стевановски кој несреќно го изгуби својот живот во трагедијата во кочанската дискотека.

Ристески дипломира во 2003 година на Националната Академија за Театар и Филм „Крсто Сарафов“ – Софија. Игра во неколку претстави во Битолскиот тетатар, потоа доаѓа во Штипскиот тетатар, каде што има играно во многубројни претстави.

Стевановски на функцијата директор на оваа институција дојде кон крајот на месец јануари годинава и оваа функција ја извршуваше неполни два месеца, а почина во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет