Кај 64-годишник од кочанско пронајдена украдена ловна пушка

фото: архива/илустрација

На 15.02.2025 во 01.20 часот на патот Штип-Кочани кај с.Чешиново, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново, затоа што кај него била пронајдена и одземена ловна пушка, која претходно ја одзел од домот на С.М. од с.Жиганци. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.