
Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 15. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток. Во Виница ќе се соочат екипите на Слога и Рудар од Пробиштип во меч каде домашниот тим на Крсте Крстев е фаворит за трите бодови.
Дојранско Езеро на домашен терен ќе се соочи со „фенерџијата“ Карбинци, кој во Дојран ќе бара бодови за опстанок. Домашниот тим ќе ја има улогата на фаворит за седми сезонски триумф.
Ударник на домашен терен ќе се соочи со Овче Поле во меч каде гостинот од Свети Николе ќе биде фаворит за целиот „плен“, а Ударник ќе се потпира на домашниот терен и верната публика во обид за позитивен резултат и прогрес на табелата.
Во Берово ќе се соочат екипите на Малеш и струмичка Тиверија. Домаќинот во претходното коло славеше над Карбици во дерби од дното на табелата за опстанок во лигата, а со тоа стигна само до прв пролетен триумф, па сега против гостинот од Струмица ќе се бара нова победа и нови три бодови.
Во оваа коло слободна ќе биде екипата на Вардарски од Богданци.
Александар Ванев, М-Нет