Интересот за тенисот во Радовиш расте, тренерот Спасов задоволен

ФОТО: Телевизија М Нет

Интересот за тенисот во Радовиш од година во година е поголем, вели во изјава за телевизија М Нет, тренерот Ристо Спасов.

Тој е тренер во тениската школа Ас, во која годишно поминуваа од 50 до 60 дечиња, а Радовиш има одлични услови за овој спорт.

Спасов вели дека од година во година интересот расте воопшто за спортот, но и за тенисот во Радовиш.

Тениската школа Ас постои десет години, децата кои тренираат тука се среќни и задоволни.

Годишно околу 50-тина деца тренираат редовно, некои се редовни, некои доаѓаат меѓутоа не се пронаоѓаат во овој спорт, но повеќето континуирано тренираат.

Интересот за тенисот во Радовиш од година во година расте, најмногу интерес има во летото кога децата се на летен распуст. Тениската школа ги прима сите дечиња од нивна пет годишна возраст.

Минатата година во Радовиш се одржа и „Радовиш Опен“ турнир во тенис на кои имаше и натпреварувачи од странство.

Александар Ванев, М-Нет