Камјани договори искусно засилување: Енис Дервиши го засили дебитантот во Втората лига

Екипата на Камјани ќе биде дебитант во Втората македонска фудбалска лига, а новајлијата во шампионатот е доста активен на трансфер пазарот. Најново име кое доаѓа во Камјани е Енис Дервиши, искусен фудбалер кој ќе го подигне значително квалитетот во редовите на Камјани, кој минатата сезона беше шампион во Трета лига – Запад, а потоа во баражот во Штип ја совлада Победа Валандово за историски пласман во Втора лига.

Дервиши доаѓа од редовите на новиот прволигаш Шкендија Арачиново, а 28-годишникот настапуваше и за Тетекс, Гостивар, Воска Спорт, Работнички и тетовска Шкендија. Дервиши беше стрелец на победничкиот гол за историски влез на Шкендија Арачиново во Прва лига.

Камјани новата сезона во Втората лига ја отвара со гостување во Битола, каде ќе се соочи со ланскиот прволигаш Пелистер.

Александар Ванев, М-Нет