
Познати се локациите каде ќе се одиграат баражите за влез од Трета во Втората македонска фудбалска лига.
Мечот меѓу Вардарски со Кораб ќе се игра во Маџари, Победа и Куманово ќе играат во Ѓорче, а пак Борец со Влазерими во Битола.
Два од овие натпревари преку ексклузивни преноси ќе може да ги следите на телевизија М Нет и спортскиот канал М Нет Спорт.
Ова значи соочување на Борец кој е шампион во Трета лига – Југ со екипата на Велазерими која е шампион во Трета лига – Запад. Соочување на шампионот во Трета лига – Исток екипата на Вардарски со Кораб кој е шампион во Трета лига – Југозапад и третиот меч соочување на шампионот на Северот екипата на Куманово со второлигашот Победа.
Александар Ванев, М-Нет