
Брегалница се враќа во Првата македонска фудбалска лига, но сега на Градскиот стадион во Штип ќе треба да биде спроведена ВАР технологијата, еден од условите за да може на стадионот во Штип да се игра прволигашки фудбал.
Претседателот на ФК Брегалница, Ангел Бојаџиев истакна дека имплементацијата на ВАР технологијата ќе чини некаде од 100.000 до 150.000 евра.
„ВАР технологијата чини некаде од 100.000 до 150.000 евра. Претходно, ние овде во самиот клуб го имаме поставено целиот оптички кабел и тоа две мрежни така бараат значи два оптички кабла, тоа го бараат условите. Ако со едниот има проблем, да може да се користи другиот. Тоа е 30 до 40% од работата завршена. Треба да се одреди каде ќе биде самата просторија на ВАР има посебни димензии што треба да се направи таа просторија. Треба и дополнителна опрема, меѓутоа, тоа најверојатно ќе побараме помош од ФФМ бидејќи сами тоа не можеме да го направиме, можеме само дел од тоа да направиме“, рече претседателот на ФФМ, Ангел Бојаџиев.
Брегалница од следната сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, откако стана шампион во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет