Како ќе изгледа Втората лига следната сезона? Кои екипи ќе се натпреваруваат?

Следната сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе настапуваат 16 екипи, а веќе се познати сите екипи кои ќе играат во второлигашкото друштво.

Детонит Плачковица кој играше бараж со Вардар загуби и останува во Втората лига, Арсими, Охрид, Вардар од Неготино, Беласица, Башкими, Скопје, Кожуф од Гевгелија, Новаци, Осогово, Каменица Саса, Победа која преку бараж обезбеди опстанок откако со 2:1 славеше над Куманово кој беше шампион во Трета лига – Север, Борец експресно се враќа во Втората лига, откако преку пресврт со 2:3 славеше над Влазерими кој е шампион во Трета лига – Запад, а по 27 години во Втората лига се враќа Вардарски кој со 3:2 славеше над Кораб, шампионот во Трета лига – Југозапад.

Шампион е Беса која за првпат ќе заигра во Првата лига, а на второто место заврши Пелистер кој се враќа во фудбалската елита на Македонија.

Од Втората лига испадна екипата на Тетекс која во следната сезона ќе игра во Трета лига – Запад, како и Караорман кој испадна како последен и од следната сезона ќе игра во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад.

Новата сезона од Втората лига ќе стартува во вториот или третиот викенд од месец август.

Александар Ванев, М-Нет