
Одбојкарскиот клуб Штип УГД испиша огромна историја во години. Освоена Куп титула три години во низа, а годинава за првпат и шампионска титула за обединување на двојната круна.
Тренерот на клубот, Кристиан Ристески во гостување во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, зборуваше за сите успеси и цели кои клубот ги имал, но и за целата оваа шампионска приказна на Штип УГД.
„Кога го освоивме првиот пат Купот таа сезона мислам дека беше пресудно за се што следи до денес. Бидејќи моите планови беа следени од страна на претседателот, беше да донесиме некои странски играчи коишто на некои начин ќе го подигнат ниво и на нашата игра, на клубот, но и на македонската одбојка. Ние бевме четврта екипа во Македонија и беше значајно за македонската одбојка да се појави екипа којашто ќе биде конкурентна за првите четири места“, вели Ристески.
Освојувањето на првата Куп титула за Штип УГД беше огромен успех, а од тогаш започна салата „Јордан Мијалков“ да биде полна на секој меч.
„Успеавме во таа година да ја донесеме публиката во сала, која беше преполна на секој меч, почнаа младите да играа одбојка по сокаци и тоа беше препознаено, со што планот до некаде беше исполнет таа сезона. Го добивме тоа финале во Купот, не би рекол дека е сосема случајно испадна спонтано, се виде дека имаме можност тоа да го направиме се укажа прилика и успешно го направивме. Врз основа на тоа следува тоа што сме денес. Се виде дека има можност да останеме ние подолго време на тој врв, имавме и спортска среќа и во Челинџ купот ни се падна екипа со која можеме да се натпреваруваме и да ја поминеме“, дополнува Ритески.
Клубот останува со максимален фокус и во развојот на младинските категории, а Ристески открива каков ќе биде планот.
„Во моментов броиме голем број на дечиња кои тренираат одбојка, верувам дека следната сезона ќе го прошириме тој дел на млади категории и дека ќе обезбедиме нова сала, веќе разгледуваме некои можности, каде што ќе ги поделиме тие категории да не се во една иста сала. Од нашата школа имаме веќе три до четири деца во првиот тим. Фокус оваа сезона е на младите категории, но нема да изостаниме и дека ќе се предадеме, воопшто нема да се предадеме, веќе формираме екипа којашто ќе биде на исто ниво или на повисоко ниво ќе оди на одбрана на двојната круна“, рече Ристески.
Штип УГД е првиот клуб од колективните спортови кој во градот под Исарот ја донесе првата Куп титула, како и шампионската титула односно ја обедини двојната круна.
Александар Ванев, М-Нет