
220 денари за килограм цреши – луксуз на пазарот во Штип. Пазарџиите велат скапо, но поевтино од ланската година, кога беа и по 300 денари. Иако за нив цената остнаува висока, сепак желбата да вкусат цреши уште пред Задушница остана посилна од скапотијата. Наместо цело кило, велат купуваат по половина или уште помалку, колку да се конкаат засега, додаваат тие.
Тетка Маре од Лесковица, од пазарот вели дека за неколку часа, денеска продала 180 килограми свежа цреша. Како што рече, овие се од струмичко, а во следниот период се очекуваат и тазе од нејзината селска градина.
Инаку, цената на црешата минатата година достигнуваше и до 300 денари. Оваа година, цената остана пониска, иако имаше најави дека овошје годинава нема да има, поради мразот и сланата кои неодамна го зафатија периодов.
Иван Митев, М-Нет