
Младите најмалку се заинтересирани за работа во агрокултурата, но најголем страв за државата е барање на работа за нив надвор од границите на истата. Со цел младите да се задржат во нашата држава, но истовремено и да можат да се вработат на соодветно место почнаа да се отвораат канцеларии за млади, како што вчера се отвори во Штип. Меѓутоа, потребно е вакви канцеларии да има во сите градови во државата за младите да останат овде.
„Има млади коишто се претприемачи, агрокултура не ги интересира премногу, сѐ уште постои ризикот и интересот за иселување од државата, што значи не е само администрација, друга посакувана дестинација е надвор од оваа држава. Мене ми се допаѓа што со овој простор се отвораат дополнителни можности за младите каде што ќе се развива и претприемачкиот дух и ќе се отворат нови можности за нив“, истакна Драгана Митровиќ.
За младите да може да се вработат на вистинското место за нив, треба да се информираат, но и да имаат соодветно образование. Со тоа би се решеиле поголем дел од сега настанатите проблеми конкретно во текстилната индустрија. На пример, работењето во текстилните компании нема да биде проблем, нема да недостасува кадар и младите ќе останат во државата.
„Во конфекциите да не гледаме само место каде ќе се врши доработка и ќе создаваме ниска додадена вредност, туку место каде што ќе бидат присутни и младите дизајнери и технолози кои ќе создаваат висока додадена вредност. За да нема проблем со бројот на вработени потребно е да имаме квалификувана работна сила соодветна на потребите. Кога правилно ќе се сретнат понудата и побарувачката по однос на квантитет и квалитет, ќе нема проблеми. Воведовме 3Д дизајн, сертифициравме таква програма, веќе имаме и млади дизајнери коишто работат на тоа и со тоа се пробиваме на странскиот пазар, а интерес ни е да привлечеме и млад кадар“, додава Јасмина Чанева.
Кавлификацијата е клучна алатка за текстилната индустрија да продолжи да опстојува. Младите со добра квалификација може да најдат соодветно место за вработување, а МлaдиХаб канцеларијата е најдобриот начин за информирање на истите.
Лаура Стојанова М-Нет