
Боречкиот клуб „Олимпија“ Штип на седми април на мирен протест на плоштадот Слобода во Штип. Имено, по многуте поднесени барања до сите засегнати страна во врска со дикриминацијата која се нанесува на овој клуб и неговите членови, во писмено соопштение истакнаа дека се приморани да ја искористат последната мерка, односно да излезат на протест.
„Боречкиот клуб Олимпија Штип, известува дека после сите поднесени барања и искористени правни механизми до Агенцијата за млади и спорт и федерацијата на боречки спортови, како и разговорите со одредени членови на олимписки комитет во врска со неоснованата суспензија и дискриминација од нивна страна, како и немашето желба за изнаоѓање решение, приморани сме да ја искористиме непопуларната последна мерка, односно протест. Ќе излеземе мирно на улица и јавно ќе го изразиме незадоволството кон институциите. “ – напишаа од Олимпија.
Истовремено од клубот истакнаа дека сите спортски боречки клубови, граѓаните, целата македонска спортска јавност, љубителите на борењето, учениците, сите релевантни институции, невладини организации и граѓани може да го поддржат овој мирен протест кој е закажан за седми април годинава со почеток од 12:30 минути на плоштадот Слобода во Штип. БК Олимпија со јавна порака известуваат дека нема да застанат се додека правдата не излезе на виделина.
Лаура Стојанова М-Нет