
Каков ќе биде интересот за запишување во СОУ „Коле Нехтенин“ Штип оваа учебна година. По рекордниот број запишани ученици минатата година, се очекува уште поголем интерес годинава. Трите струки се достапни за индите средношколци, а праксата покажува дека интерес има за сите речиси подеднакво.
„Интересот за нашето училиште од секогаш бил голем, а тоа го покажуваат бројките. Минатата година имавме рекордна бројка на 230 пријавени ученици за 254 слободни места. Имаме вкупно три струки, машинска, електортехничка и угостителско-туристичка и едноставено целото училиште е интересно и примавливо“ – вели Шалева.
Дуалното образование дава дополнителни продобивки како за самите ученици кои теоријата ја пробуваат и практично, но и за компаниите кои го создаваат својот кадар. Средношколците од СОУ „Коле Нехтенин“ одат на пракса во неколку комапнии во Штип со што го надоградуваат своето знаење и се конкурентни на пазарот на труд.
„Дуалното образование всушност е еден многу добар проект кој подразбира поврзување на училиштата со реалниот бизинс сектор. Ние веќе имаме дуални паралелки. Учениците одат на практична настава во компаниите“ – додава Шалева.
Оваа година матурантите завршија со што се подготвуваат за матурските испити кои ќе бидат на 31 мај и 11 јуни.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет