
Големи казни ќе платат и посетителите и угостителите доколку невакцинирано лице биде затекнато во објект или на настан. Невакцинираниот граѓанин се предвидува да плати казна од 250 евра. Казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице. Ова денес го соопшти директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска – Димоска.
Казнувањето на физички и правни лица за непочитување на Законот за заштита на населението е во надлежност на ДПИ. Меѓутоа, постои можност и за асистенција од службеници од МВР. Дали има потреба за такво нешто ќе одлучуваат инспекторите од ДПИ.
Инаку, Владата на 7 август донесе одлука дека од 16 август се воведува задолжителна потврда за имунизација, најмалку прва доза, при влез на масовни настани, каде има повеќе од 30 лица, вклучувајќи ги и угостителските објекти.
Поседувањето и приложувањето потврда се однесува на лицата над 18 – годишна возраст.
Ребека Спасова МНет