Земјоделието пропаѓа, годинава производи нема

Ситуацијата со земјоделието е алармантна, согласни беа и продавачите и купувачите на градскиот пазар во Штип. Цените за купувачите се високи, зашто стандардот е висок, а платите и пензиите ниски. За произведувачите, пак, со ниски цени тешко е да се покријат трошоците за производството.

Оваа година временските услови не им биле поволни. Производите не успеале и повеќето од нив се исушиле. Она што дополнително претставува тешкотија за земјоделството е и немањето работна рака.

Тие не предвидидуваат просперитет за земјоделството. Во иднина ќе нема кој да произведува, а и за оние кои сега произведуваат не е исплатливо.

Ребека Спасова МНет