
Заради продолжениот викенд по повод празнувањето на 1 мај, денеска нема да се одржи маршот за ангелите во Кочани. Како што соопштуваат родителите на загинатите од нивното здружение ,,16 март 2025 година, со уште поголема сила, решеност и јасна порака дека правдаа мора да има, маршот продолжуваат од следната сабота 9 мај. Родителите се решени до крај да се борат за правдата на своите чеда, кои прерано ги напуштија.
,,По повод празникот 1 мај и продолжениот викенд, оваа сабота нема да се одржи ,,Маршот за ангелите“ во Кочани. Но, ние не застануваме, не молчиме и нема да се откажеме. Продолжуваме следната сабота 9 мај, со уште поголема сила, со иста решеност и со јасна порака, дека правда мора да има.“, велат од здружението на граѓани 16 март 2025 Кочани
Инаку, маршот не се одржа и минатата седмица, а последно се одржа во Штип. Со поддршка, граѓаните и овде излегоа, за да истакнат дека и тие се длабоко вознемирени и тажни после повеќе од една година од трагедијата. Истата одзеде 63 животи, а околу 200 беа повредени. Тој кобен ден, останува да биде длабока болка и траума за многумина.
Иван Митев, М-Нет