Вчеравечер одржан Фолк Феставолот „Св.Никола“ на градски хор Штип, учество зедоа хорови од државава и странство

По повод патрониот празник Св. Никола, вчеравечер градски хор Штип организираше фолк фестивал, кој што се оддржа во просториите на економскиот факултет. На фестивалот учество зедоа повеќе градски хорови и тоа од Прилеп, Гевгелија, Крива Паланка, Пехчево, како гости од соседна Бугарија поточно од градот Ќустендил. Фестивалот ја имаше честа да биде отворен од страна на градоначалникот Иван Јорданов, кој во својата изјава истакна дека фестивалот е од голема важност и истиот посака да прерасне во една традиција, која што ќе се негува секоја година по повод празникот Св.Никола.

“Навистина ме радува фактот што Штип го потврдува епитетот културен центар во Источна Македонија не само со овој фестивал, туку и со сите културни настани, кои што низ годината се оддржуваат. Посакувам преку ваквите манифестации и настани да се промовира културата, музиката, традицијата, која што изобилува во нашата држава и град и верувам дека овој фестивал ќе прерасне во една традиција која што ќе го пормовира македонскиот фолклор.“, истакна Јорданов

Песните на градски хор се со љубовна, патриотска содржина, а истите се со староградски стил од градот под Исарот.

Инаку, градски хор Штип во оваа верзија постои од 2019 година, а истиот покрај во државата настапува и надвор од границите, презентирајќи и промовирајќи ја староградската култура на нашиот народ.

Лаура Стојанова, М-Нет