
И штипските пензионери бараат линеарно покачување на пензиите од септември. Бараат од надлежните власти да го воведат линеарното покачување на пензиите, кое би започнало од септември оваа година. Тие нагласуваат дека со зголемените трошоци за живот, нивните пензии не се доволни да го покријат основниот животен стандард. Според нив, зголемувањето е неопходно со оглед фактот виоските цени во маркетите.
Пензионерите велат дека цените во маркетите се оган скапи, а покачените пензии од октомври и март, доагаат капа за глава.
Тие апелираат до надлежните институции да ги разгледаат нивните барања и да донесат одлука која ќе го подобри нивниот животен стандард. Пензионерите се надеваат дека нивниот глас ќе биде слушнат и дека ќе се најде решение за оваа актуелна ситуација.
Иван Митев, М-Нет