И со платени придонеси, Мустафа нема здравствено осигурување, работи приватно се води како земјоделец

Вработен штипјанец во приватна фирма во Штип, и покрај сите придонеси платени од страна на неговата компанија мака мачи со здравственото осигурување. Си го повредил окото и отишол на лекар. Шокот следел таму. Неговата матична докторка му соопштила дека нема платено здравствено осигурување. Од друга страна пак газдата на фирмата тврдел дека осигурувањето е платено. Господинот Илми бил упатен во Фондот за здравствено осигурување подружница Штип за подетални информации. Таму дознал дека всушност тој не е вработен во приватна фирма туку е земјоделец.

„Имав повреда на окото на работното место и си дојдов на лекар. Матичниот лекари ми потврди дека Фондот ми го блокирал Здравственото осигурување . Имам платени придонеси од фирмата, ама нешто ми е блокирано. Дојдов во Фондот за здравствено осигурување и ме пречека некој инспектор и ми вели пријавени сте како земјоделец. Реков дајте ми еден мој потпис како сум се пријавил како земјоделец, јас не знам дека некогаш сум бил земјоделец. И тој ми кажа ќе ти завршам работа само 500 евра да ми дадеш.“ – кажа Мустафа.

По оваа ситуација Мустафа се упатил кон раководителот на Фондот за здравствено осигурување подружница Штип. По неколку не успешни обиди да го најде раководителот, како што вели тој денеска разговарале.

За случајот одговор побаравме и од раководителот на Фондот за здравствено сигурување подружница Штип. Откако заврши разговорот, раководителката истакна дека официјална изјава за настанот може да има од понеделник. Во меѓувреме, недоразбирањата кои што настанале меѓу вработениот и Мустафа ќе се решаваат со учество на полицијата, бидејќи случајот е пријавен во полиција од страна на Илми Мустафа.

Лаура Стојанова М-Нет