
Овој викенд ќе започне пролетната полусезона во Втората женска фудбалска лига, со натпреварите од осмото коло.
Лидерот на табелата Кочани е прв фаворит да го потврди првото место и со тоа да се врати по неколку сезони во Првата женска фудбалска лига. Кочани го има најквалитетни тим и тоа нема да претставува проблем да се потврди првото место, откако во есенскиот тим Кочани имаше седум од седум и максимални 21 бод на своето конто.
Борбата за второто место кое води кон баражот за можен влез во Првата лига ќе ја водат екипите на Вардар и Билјанини Извори. Екипата на Вардар е на второто место со 16 бодови, а пак значително засилениот Билјанини Извори е трет со 15 бодови.
Во рамки на првото пролетно коло екипата на Кочани на домашен терен како фаворит ќе игра против Билјанини Извори, екипата на Вардар ќе гостува кај Плачковица во Радовиш, „фенерџијата“ Борец на домашен терен ќе се соочи со Победа од Валандово, а пак во Македонски Брод екипата на Порече ќе се соочи со дебитантот Слободен.
Александар Ванев, М-Нет