Историски најмногу средства ова лето се издвојуваат за инфраструктура во Штип, денска се асфалтираше ул. „Астибо“

Историски најмнгогу финансиски средства ќе се потрошат ова лето во Штип за реконструкција на улици и патишта, изградба на нови тротоари. На дневна основа се работи на неколку локации во центарот, но и приградските штипски населби, а општината издвои повеќе од 100 милиони денари за подобрување на инфраструктурата.

„Ова лето ќе биде дефинитивно историски најмногу средства потрошени во рехабилитација и реконструкција на улици. Повеќе од 100 милиони денари се предвиидени од Буџетот на Општина Шитп оваа сезона да бидат употребени во насока на рехабилитација, реконструкција на улици, изградба на тотоари. На дневна основа се работи на неколку локации во градот“ – вели Јорданов.

Денеска конкретно се постави асфалтен слој на улицата „Астибо“, а се работи и во населбата Долна Железничка. Освен асфалтирање на улици се работи на целосно уредување на населбите со цел подобар живот за граѓаните.

„Во рамките на програмата за уредување на градежно земјиште и рехабилитација на инфраструктура продолжуваме и понатаму. Се наоѓаме на улицата „Астибо“. Овде заврши нанесувањето на асфалтниот слој. Во меѓувреме се припрема и се работи за асфалтиирање на неколку пристапни улици во населбата „Каленица“ односно „Долна Железничка.“ – вели Јорданов.

Јорданов посочи дека активностите на терен ќе продолжат и во текот на целото лето, кога интезивно ќе се рабооти за да се постигне модерен и урбан изглед, но и да се задоволат потребите на штипјани.

Лаура Стојанова М-Нет