
Денешниот ден означува значен момент во стремежите за одржлива енергија. Со ова се означува почетокот на работа на првиот приватен ветерен парк во нашата земја кој претставува доказ за иновативноста, посветеноста и соработката. Обезбедувањето електрична енергија од обновливи извори е високо на агендата и на Европската унија чиј пример го следи нашата држава, истакна од лице место евроамбасадорот Гир.
„Ми претставува огромно задоволство што сум со вас овде на отворањето на ветро паркот „Богословец“. Првата приватна инвестиција во ветерна енергија во Северна Македонија поддржана од Европската Унија. Се надевам оти оваа прва ваква приватна инвестиција во ветро парк ќе биде вовед во уште многу инвестиции во чиста енергија и во одржлив економски развој. Македонија има можности и изобилува со искористување на енергијата од ветер, сонце и вода. Западниот Балкан има големи природни предности во делот на ветерна, хидро и соларна енергија и огромни можности за приватни инвестиции, надополнувајќи ги и надминувајќи ги инвестициите од ЕУ и останатите партнери.“
Ото Граф посочи дека ветерниот парк „Богословец“ претставува значаен чекор кон воспоставување на обновливите извори на енергија како значителен дел од снабдувањето со електрична енергија во државава. Проектот е вреден 61 милион евра и е првиот приватен ветерен парк во земјата и може да се пофали со капацитет од 36 MW, способен да напојува со електрична енергија над 20.000 домаќинства годишно
„Исто како што има можност да има каталитичка улога како инвеститор во остварувањето на ветерниот парк Богословец, германската Влада и Европската комисија се каталитички инвеститори во самиот фонд…Михајло Михајловски, БНБ Компани, визионерот инвеститорот зад овој проект и наш партнер последните месеци и години. Веќе од оваа листа почнувате да добивате чувство за соработка и партнерства кои направија овој проект да се случи, а кои ќе бидат потребни за унапредување на распоредувањето на обновливите извори на енергија во регионот, додаде “ вели Костадинов
„Овој проект го претставува претприемачкиот и иновативниот дух што сите ние треба да го имаме во наредните години за да ги исполниме амбициозните цели што државата ги има за својот енергетски сектор“ рече Михајловски
Изградбата почна во 2021 година и во изминатиов период инсталира осум ветерни турбини на локацијата. Напојувани од ротори со дијаметар од 145 метри со висина на јарбол од 102,5 метри, овие турбини ќе имаат вкупен капацитет од 36 MW.
Лаура Стојанова, М-Нет