Искршени чешми, клупи, лулашки во паркот во населба Сењак во Штип

Искршени чешми, клупи, детски реквизити. Ваква слика ги пречекала утринава вработените во ЈП Исар на терен во паркот во населба Сењак. И покрај фактот дека паркот е новосоздаден за потреите на граѓаните, за игра на најмалите и релаксација за повозрасните, истиот е оштетен. Директорт на ЈП Исар, Трајче Здравков вели дека веднаш порачале нови реквизити за замена, но со ваквите потези на дел од граѓаните се оштетува Буџетот на претпријатието, па губат сите. Случајот ќе биде пријавен во полиција.

„Во текот на ноќта односно рано утринава од нашите служби односно од Јвана ќистота беше пријавено дека при чистење на паркот е забележано дека се оштетени, односно дело на вандалски чин биле реквизитите, урбаната опрема во парјот во населба Сењак. Искршени се лулашките, дел од клупите, чешмата е извадена и ред други реквизити, справите за вежабње.Ние веќе порачавме нови елементи да ги замениме истите, но тоа го исцрпува јавното претпријатие финансиски“ – вели Здравков.

Здравков апелираше до граѓаните да бидат посовесни и да ги чуваат убавините кои се создаваат и кои може да се користат од страна на сите граѓани. Во спортивно наместо да се создваат нови катчиња во Штип, парите ќе се трошат за промена на веќе направеното.

Инаку ова не е прв вандалски чин во Штип. Пред само еден месец оштетени беа јавните толети кои се поставени на повеќе локации и бесплатно може да ги користат сите граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет