Нови 178 ковид слуачи, се плашат ли граѓаните од нов ковид бран?

Од направени 1278 ковид тестирања регистрирани се нови 178 ковид слчаи. Со последната статистика на Инстиитутот за јавно здравје во државата моментално активни се 4116 корона пациенти. Со раст на бројот на новозаразени, неколку пати досега заседаваше комисијата за заразни болести со цел дали има потреба за нови ковид мерки. Државата се наоѓа во жолта фаза, а за граѓаните претпорачливо е вакцинирање со четврта доза вакцина. На терен често може да се забалежи носење на заштитна маска дури и на отворено, и покрај тоа што не е задолжително. Повозрасните штипјани кои ги анкетиравме велат можен е нов ковид бран, а поголем дел од нив се подготвени да се боцнат и по четврти пат.

Од вакциналните пунктови во Кочани и Штип велат дека заинтересираност има само за бустер доза. Во Штип новитет е што граѓаните имаат можност да се вакцинираат и со вакцината на модерна, па можат да направат избор. Дневно се вакцинираат по околу 20 граѓани. Во Кочани 15 лица дневно пред сѐ повозрасните седнуваат на столче за бустер доза, за прва интерес нема.

Инаку, денеска во Источниот дел од државата регистрирани се 4 нови ковид случаи од кои три во Штип и еден во Кочани. Со тоа бројот на активни во Истокот е 187 од кои најмногу во Штип 98 и во Кочани 48. Двоцифрена е и бројката во Берово и Виница каде има активни 15 односно 16 ковис слуачи. Со последните информации нема општина во истокот без активни ковид случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 2.121.690 тестирања на Ковид -19. Вкупниот број Ковид -дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 329.172, бројот на оздравени пациенти е 315.675, на починати е 9.381.

Лаура Стојанова М-Нет