Дефект на цевка ја остави ТППЕ Штип без вода, но простор за паника нема

Нов дефект на водоводна линија во Штип повторно остави неколку населби со суви чешми. Без вода од утринава и ТППЕ Штип. Командирот Драко Коцев во телефонски разговор за М-Нет те левизија истакна дека вода нема, но цистерните се полнат од хидранти и на тој начин се снаоѓаат со вода. Коцев истакна дека нема простор за паника, бидејќи при евентуален пожар тие се подготвени да реагираат со водата од хидрантите.

Жителите во штипската населба Осми номеври вода немаат од вчеравечер, а со суви чешми се оставени и повисоките делови од градот како и приградските населби. Дефектот овој пат е кај автобуската станица, а директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков исткана дека екипи од пртпријатието работат на отстранување на истиот.

„Во текот на ноќта имавме дефект на булеварот Партизаска, кај центарот за социјални работи. Веднаш екипи пристапија кон санаирање на дефектот, за еден час водоснабдувањето ќе биде стабилизирано.

Инаку пед неполн месец дефект имаше на главната водоводна мрежа во Штип кога една третина од градот остана без вода за пиење, а истовремено имаше и неколку помали дефекти кои резултираа со суви чешми низ населбите во Штип.

Лаура Стојанова М-Нет