Ирена Ванчоска која ги загуби двајцата родители ја доби првата стипендија од здружението „Доктор Симон Василев“

Во чест на роденденот на прерано починатиот доктор Симон Василев, денеска хуманитарното здружение „Доктор Симон Василев“ ја додели првата стипендија на студентка по медицина. Младата Ирена Ванчоска од Прилеп е втора година на медицинскиот факултет при УГД Штип, насока фармација. Во време на ковид пандемијата ги губи двајцата родители во рок од пет дена, и останува да живее со незјзината малолетна сестра и нивниот дедо. Преживуваат од скромни примања односно пензијата која останува од нивниот татко. Ванчовска е преблагодарна за укажаната можност да продолжи да студира благодарение на стипендијата од хуманитарното здружение „Доктор Симон Василев“.Стипендијата ќе ја добива се до дипломирањето, а истовремено и книгите и целокупниот потребен материјал за завршување на студиите.

„Најпрво ми се јави докторката Мирела и таа ме извести за стипендијата, претходно немав никаква информација беше многу изненадно. Оваа стипендија е од големо значење за мене и навистина сум многу благодарна.“ – кажа Ванчоска.

Здружението „Доктор Симон Василев“ се формираше пред речиси осум месеци, со цел да се продолжи по стапките на прерано починатиот докктор хирург Василев. Да се помогне онаму каде што има најголема потреба, да се покаже хуманоста на дело беа главните причини за започнување со работа на ова здружение. Не сакаме делата на еден голем човек кој прерано замина да бидат заборавени, напротив продолжуваме во духот на хуманоста и во негово име, истакна неговата сопруга, доктор Мирела Василева. Благодарност се упати до сите хумани грѓани кои досега донирале.

“Здружението „Доктор Симон Василев“ е формирано со цел да им помогне на студентите кои покажуваат потенцијал, кои студираат медицина, но и се соочуваат со финансиски потешкотии во текот на студирањето. Затоа здржението е еден вид на поддршка на студентите кои се без родители или од социјално загрозени семејства. Денес сме овде собрани од името на доктот Симона Василев, но и од името на цело здружение да покажеме хуманост но и да помогнеме токму таму каде е најпотребно. Оваа прилика ја користам воедно и како апел да ги повикам сите оние кои сметаат дека може да помогнат за напредок на здружението, а и да се заблагодарам на сите оние хумани граѓани кои ја покажаа својата хуманост и помогнаа да се реализираат нашите цели“ – кажа Лонгуров.

Доктор Симон Василев беше одличен доктор хируг кој работеше во Клиничка болница Штип, човек кој неуморно и секогаш помагаше. Почина во декември минатата година, оставајќи зад себе дела кои ќе се паметат и стапки по кои продолжува да се чекори.

Лаура Стојанова М-Нет