
Нов повеќенаменски парк доби населбата Осми Номеври во Штип. Паркот ќе биде со вештачка трева, целосно ограден и осветлен, а ќе добие и нови летниковци и детски реквизити. Инвестицијата е вредна над 1,5 милион денари пари обезбедени од Буџетот на Општина Штип,.
„Овде се работи, се уредува повеќенаменски парк со различни содржини. Се работи на поставување на вештачка трева за мал фудбал, практично терен кој ќе биде ограден и осветлен, поставување на специјализирана подлога за баскет. Исто така ќе се врши партерно уредување, ќе се поставуваат нови содржини од типот на летниковци, детски реквизити. Целата оваа површина ќе биде осветелен“ – кажа Јорданов.
Јорданов во оваа прилика истакна дека истовремено ќе се работи и на уредување на содржини и во останатите населби во градот. Според него секое катче заслужува внимание и ќе го добие, а со тоа граѓаните ќе имаат свое катче за уживање.
„За уредување на содржини во населбата Пребег, во Сењак 4, Караорман, Автокоманда, така да етапно влегуваме во секоја населба. Во населбата Балканска денеска се работи на спортското игралиште кое има обврска економскиот оператор одново да го реалзира и да го напарави. Секоја населба на територија на Општина Штип заслужува и ќе го добие вниманието, ќе се изградат нови содржини за најразни генерации од најмлади до највозрасни.“ – додаде Јорданов.
Во изминатиот период на територија на Општина Штип се уредија спортски и детски игралишта во повеќе населби. Со тартан подлога се игралиштата во штипско Ново Село, Железничка, Баби, а игралишта добија и Три чешми и населба Кадидере.
Лаура Стојанова М-Нет