
Шест општини од Источниот дел од државата градоначалник ќе бираат во вториот круг од Локалните избори кој ќе се одржи на 2 ноември.
Во Општина Кочани од шест кандидати за градоначалник во втор круг за довербата на граѓаните ќе се борат доктор Валдко Грозданов од ВМРО ДПМНЕ и независниот кандидат Венко Крстевски. Овде мнозинство со советот на општината не доби ниту една паритја, односно најмногу советници освои ВМРО ДПМНЕ – осум, група избирачи Благица Сабовљевиќ Стоименова четири советника, СДСМ тројца, Владко Здравков двајца, ЗНАМ и Аки Акиов по еден с оветник.
Тесно во првиот изборен круг беше и во Општина Чешиново Облешево, Зрновци и Пробиштип.
27 гласови разлика беше меѓу кандидатите за градоначалници во Чешиново Облешево, каде Јорданче Костадинов од ВМРО ДПМНЕ освои 1358 гласови, а Горанчо Крстев од СДСМ 1331.
Разлика од само 30 гласа имаше во Пробиштип, каде кандидатот од ВМРО ДПМНЕ освои 3687 гласови, пред Драган Анастасов кој доби 3657 гласови.
Во Зрновци Борчо Коцев освои 644 гласови пред кандидатот од СДСМ Ванчо Митев за кого гласаа 588 гласачи.
Во втор изборен круг влегуваат и Виница и Македонска Каменица.
Во овие општини ниту една политичка партија нема мнозинство во советите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет